(ВИДЕО) Јапонска компанија успешно демонстрираше тест возење со летечки автомобил

Јапонската компанија „Скај драјв“ на 25 август демонстрираше тест возење со летечки автомобил, а се работи за првата ваква демонстрација на овој вид возила во јапонската историја, пренесува хрватски „Индекс“..

Пилотот полетал со автомобилот „СД-03“ и кружел на теренот околу четири минути.

„Сакаме да создадеме општество во кое летечките автомобили се достапно и прифатливо превозно средство, каде луѓето можат да доживеат безбеден и удобен нов начин на живот“, рече директорот на компанијата Томохиро Фукузава.

Моделот „СД-03“ е најмалото електрично возило за полетување и слетување на светот и зафаќа простор од околу два паркирани автомобили, соопштија од компанијата. Има осум мотори кои обезбедуваат „безбедност при итни случаи“.

Компанијата се надева дека летечки автомобли наскоро ќе станат составен дел од нормалниот живот, а во иднина планираат да направат повеќе тест возења во различни услови, како би се осигурало дека безбедноста и технологијата на возилото ги исполнуваат индустриските стандарди. Летечкиот автомобил ќе го понуди на пазарот во 2023 година, но нема информација за тоа колкава би била цената за возилото.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top