(ВИДЕО) Јунајтед го победи Брајтон втор пат за една недела, Евертон убедлив против Вест Хем

Манчестер Јунајтед се пласира во следната фаза од Карабао купот во Англија, откако вечерва го победија Брајтон, нешто полесно од тоа што пред неколку дена го победија во Премиер лигата истиот тим..

Јунајтед вечерва триумфираше со 0:3, и навидум резултатот зборува дека гостите биле доминантни, но сепак до самиот финиш, мечот беше отворен, односно Јунајтед водеше со 0:1.

Јунајтед го отвори резултатот во 44. минута преку Мектомини, за целосно да го обезбеди триумфот во доцниот дел од второто полувреме, кога голови постигнаа Хуан Мата во 73. и Погба во 80. минута.

На вториот натпревар вечерва во Куп пресметките, Евертон беше сигурен против Вест Хем со 4:1, на оваа средба хет трик запиша Калверт Луис.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top