(ВИДЕО) Јунајтед покажа кој е газда во Манчестер

Манчестер Јунајтед вечерва одигра одличен натпревар на Етихад, каде победија против големиот фаворит Сити (1:2)..

По одличното прво полувреме, Јунајтед можеше да води и поубедливо, но сигурно дека никој не очекуваше ваква претстава вечерва на ѓаволите кај Сити.

Посебно надеж не даваа квотите кои беа актуелни во спортските обложувалници, каде Јунајтед беше отпишан уште пред натпреварот.

Но се случи спротивното, Рашфорд постигна два гола во првиот, еден од пенал, вториот од игра, Сити ги зби своите редови, ја засили иницијативата и офанзивата, но не успеа да извлече бод пред своите гледачи.

Ова е секако голема победа за Јунајтед во битката за топ4, а голем чекор назад во битката за титулата на Сити.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top