(ВИДЕО) Јувентус на припреми во Мелбурн! - Пјаниќ ги забавуваше фановите

Фудбалерите на Јувентус се на подготовки за новата сезона во Мелбурн, Австралија..

Многу фанови на Јувентус од Мелбурн им приредија свечен дочек на нивните миленици.

За време на дружењата со поддржувачите беа вклучени и засилувањата од оваа сезона, меѓу кои и Миралем Пјаниќ од Рома.

Миралем Пјаниќ пред навивачите во Мелбурн ги покажа своите вештини со топката, се фотографираше со нив и делеше автограми.

Актуелниот шампион на Италија во рамките на подготовките во Австралија ќе одигра два натпревари. Првиот против локалниот тим Мелбурн Виктори, а другиот против англискиот Премиер лигаш Тотенхем.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top