ВИДЕО: Како се крши рекет во четири чекори

Правилата на Иванишевиќ се следниве.

Легендарниот хрватски тениски ас, Горан Иванишевиќ во своето интервју за „The Tennis Space“ откри како да го искршите вашиот рекет во четири чекори, а притоа да не се чуствувате лошо.

Правилата на Иванишевиќ се следниве:
- Нема ништо лошо во тоа да го скршите рекетот. Никогаш не сум ги разбирал оние на кои им смета тоа што другите играчи ги кршат рекетите. Кога кршите рекет сите ви свират. Како прво тоа е мој рекет и ако сакам да го скршам ќе го направат тоа, потоа ќе заборавам на него и ќе земам друг од торбата. Ако сте талентирани како мене, тогаш ќе можете да кршите рекет на секоја подлога. Можам да скршам рекет на вода.
- Единствена лоша работа која можете да ја направите е да го скршите рекетот, а потоа да се оптеретувате со тоа.Ако премногу размислувате за тоа, ќе загубите неколку гејмови, а може и мечот.Ако останете смирени и од торбата извадите нов рекет со кој ќе освоите неколку поени, тоа е добро. Доколку сакате, можете да скршите и два рекета.
- Јас сум првиот играч кој има загубено меч, бидејќи ги имам скршено сите рекети. Кога завршив со последниот бев многу среќен, но кога сватив дека веќе немам нити еден рекет во торбата не бев задоволен. Се чувствував глупаво. Имам направено толку многу работи во мојата кариера, но ова е нешто што не би го препорачал. Но ако сакате да го скршите рекетот, а притоа имате 7-8 нови во торбата, тогаш направете го тоа.
- Ќе ви свиркаат кога ќе сакате да го скршите рекетот, но тоа се истите оние кои велат дека тенисот е досаден спорт и дека нема посебни играчи. Но кога ќе се појави некој кој ќе ја разбие таа монотонија, пак нешто не им чини“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top