(ВИДЕО) Како се прават играчките во Кина?

Работниците се платени 240 долари месечно.

Постои добра причина зошто играчките од Кина се толку многу евтини. Дали знаевте дека околу 75 отсто од играчките во светот се произведуваат во Кина каде работниците се платени 240 долари месечно?

Екстремната сиромаштија во руралните области во Кина ги тера луѓето постојано да мигрираат од селата низ градовите каде бараат работа за да можат да егзистираат.

Германскиот фотограф Михаел Волф има направено цела серија фотографии наречена „The Real Toy Story“ во која се прикажува како изгледа животот на работниците додека ги изработуваат играчките за потребите на светот.

Тој има посетено 5 фабрики за играчки во Кина, а Business Insider објави фотографии од неговиот проект наречен „The Real Toy Story“.

Кајгана.ком


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top