(ВИДЕО) Како звучи Грета Тунберг без подготвен текст

Видеото „открива“ како активистката одговара на прашањата без подготовка..

На интернет се појави снимка од прес-конференција на која може да се види како Грета Тунберг „неспретно“ одговара на прашањата на новинарите.

Сцената од панелот, во кој беше вклучена и Грета, сега зборува во прилог на „теоријата“ што може да се прочита деновиве дека Грета е проект на големите сили и дека нема капацитет да го понесе товарот на глобалното промовирање на нејзините идеи.

-Можете ли да ни кажете каква порака сакате да им пренесете на светските лидери и дали е време претседателот Трамп да одговори на ова што го кажавте денес, ја праша новинарот Грета.

-Извинете, што беше првото прашање?, збунето праша Грета.

Кога новинарот го повтори прашањето, младата активистка се обиде да одговори.

„Мислам дека пораката што сакаме да ја пратиме дека ни е доста од се“, одговори таа кратко, а потоа додаде: „Дали некој друг сака да одговори на ова прашање?. Не можам да зборувам во име на сите, заврши Грета.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top