(ВИДЕО) Каква чест за Јаховиќ: Навивачите на Гецтепе на трибина закачија само - македонско знаме!

Можете да не го сакате, можете и да не го поднесувате, но не можете, а да не му се поклоните..

Адис Јаховиќ во минатиов период под нозе ја стави цела Турција. Нема ден кога не е на насловна страница на некој од весниците, за него се тепаат големи европски гиганти, навивачите на Гецтепе го сметаат за божество.

Тој е најефикасен во турското првенство, медиумите му прават (не)реални споредби со најдобрите фудбалери на светот, вредноста секојдневно му се покачува за стотици илјади евра. И сега најново - вчера на трибината каде што беше копот на навивачите на Гецтепе, закачено беше САМО македонското знаме. И тоа среде Турција! No Adis, no party, напишале на него.

Што повеќе сакате, господине селекторе и фотелјаши од ФФМ? Извадете тоа главите од песокта и признајте го поразот, помалку ќе ве боли! 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top