(ВИДЕО) Каква глупост на Погба: Му поништи чист гол на Матиќ, навивачите го уништија

Пол Погба е најголемото разочарување на Манчестер Јунајтед оваа сезона..

Освен што пропушти два месеца поради повреда, никако не успева да ја најде вистинската форма и повеќе му пречи отколку што му помага на Јунајтед. Така беше и денеска на натпреварот против Саутемптон.

Во 82. минута Матиќ го совлада противничкиот голман, топката одеше кон мрежата, но со неа играше Погба кој се наоѓаше во офсајд и ја спроведе во голот. Нормално, помошниот судија сигнализираше и погодокот беше поништен.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top