(ВИДЕО) Карантин во Мелбурн: 10 предградија повторно ќе бидат во изолација, расте бројот на заболени од коронавирус

Мерките за карантин повторно ќе бидат воведени во десет предградија на Мелбурн по порастот на бројот на заразени со коронавирус, пренесува "CNN"..

Во соопштението на премиерот на државата Викторија се наведува дека мерките ќе стапат на сила од 1-ви јули и дека ќе важат до 29-ти јули. 

Граѓаните своите домови ќе можат да ги напуштат за одење до продавница, во случај примање или пружање нега, за вежбање, како и поради одење до училиште или на работа, доколку работа од дома не е возможна.

Неодамна отворените салони за нега, теретани, библиотеки и базени, повторно ќе бидат затворени во овие подрачја, додека во кафулињата и рестораните ќе биде можно исклучиво преземање и достава на нарачки.

Во Викторија се пријавени уште 64 нови зарази со коронавирус, а бројот на новозаболени во оваа држава е двоцифрен веќе 14 дена по ред.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top