(ВИДЕО) Каталонска мизерија: Баерн ја понижи некогаш големата Барса!

Ако пред десетина години Барса го газеше својот најголем ривал Реал со 6-2, а ги мелеше и другите ривали во Лигата на шампионите, доживеа денеска да и се смее цел свет..

Во третиот четвртфинален дуел од елитното европско натпреварување, Баерн како брз воз ја прегази каталонската гордост, совладувајќи ја со 8-2 што е сигурно еден од најтешките порази во историјата на овој клуб. Баерн влезе како фаворит во мечот, но веројатно малкумина очекуваа така да го уништи својот ривал.

Дебаклот можеше да се насети веќе во четвртата минута кога Милер го отвори резултатот иако три минути подоцна Алаба си постигна автогол за 1-1. До полувреме беше 4-1 за Баерн, Суарес потоа намали, но следуваа уште четири гола за германскиот гигант. По два гола постигнаа Милер и Кутињо, а уште по еден Перишиќ, Гнабри, Кимих и Левандовски.

Освен убедливата победа, за доминацијата на Баерн најдобро зборуваат 26. упатени удари, 13 во рамките на голот на Барса.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top