(ВИДЕО) Катастрофален земјотрес го погоди Тајван

Во тајванскиот град Хуалиен се срушија високи згради при силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени споре Рихтер кој денеска го погоди Тајван, а во кој животот го загубија најмалку две лица, а стотици се повредени..

– Две лица за жал се загинати, додека 114 претрпеа полесни или потешки повреди, рекол премиерот на Тајван Вилијам Лаи.

Засега нема предупредување за цунами.Како пренесува ВВС, на социјалните мрежи се појавиле фотографии на кои се гледа огромна штета на патиштата и висококатниците, а службеите за спасување се обидуваат да ги ослободат луѓето кои останале заробени во еден хотел кој делумно се срушил.

Британската агенција претходно извести дека земјотресот се случил на 22 километри од градот Хуалиен, на длабочина од еден километар.

Хуалиен се наоѓа на 180 километри од главниот град Тајпер.

Како наведува ВВС, островот Тајван се наоѓа во местото каде се разделуваат две големи тектонски плочи и поради тоа редовно е мета на земјотреси.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top