(ВИДЕО) Кенгур скока по празните улици на еден од најголемите австралиски градови

Најнаселениот град во Јужна Австралија, Аделаида, е толку тивок и пуст од ограничувањата поради коронавирусот, што кенгури почнаа да скокаат низ неговиот центар..

Поточно, кенгур беше снимен како вчера минува низ речиси целосно испразнетиот град во Јужна Австралија. 

Со оглед на тоа што на повеќето жители им се советува да останат дома, крајбрежниот град Аделаида, со повеќе од 1,2 милиони луѓе, стана многу попривлечен за овие диви животни.

„Надзорните камери снимиле како кенгур скока низ празните улици на градот во неделата наутро, а подоцна тој се упатил кон природниот резерват“, изјавил портпаролот на полицијата во Јужна Австралија за Си-ен-ен.

„Порано имаше кенгури во предградијата на Аделаида, но досега тие обично се држеа подалеку од централните градски улици. Ова е навистина уникатна глетка“, додава портпаролот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top