(ВИДЕО) Километарски турски воен конвој пристигнува во Сирија

Според Центарот, терористите кои се кријат зад локалното население, користејќи ги како „жив штит“, им ги блокираат на сириските граѓани сите излегувања кон контролните точки „Ел Хадер“ во Алепо, „Абу ал Духур“ во Идлиб и „Хабит“ во Хама..

Турција во последните неколку недели префрли многу воена опрема и муниција во зоната на деескалација на Идлиб во Сирија, се вели во соопштението на рускиот Центар за помирување на воените сили во Сирија.

Шефот на центарот, Олег Журављов, прецизираше дека сите големи транспортни артерии на северот на провинцијата Идлиб функционираат нормално во последните неколку недели, што и овозможи на Турција, од својата територија, во зоната на деескалација да префрли километарски воен конвој, со воена опрема и муниција.

Тој се осврна и на веста дека стотици илјади цивили биле „придружувани“ од зоната на деескалација до сириско-турската граница, како резултат на воените судири меѓу терористите и силите на сириската влада.

– Нема фотографии или видеа, ниту други докази кои би ја потврдиле веста дека „околу еден милион“ бегалци од зоната на деескалација во Идлиб се движат кон сириско-турската граница – се вели во соопштението.

Според Центарот, терористите кои се кријат зад локалното население, користејќи ги како „жив штит“, им ги блокираат на сириските граѓани сите излегувања кон контролните точки „Ел Хадер“ во Алепо, „Абу ал Духур“ во Идлиб и „Хабит“ во Хама.

Рускиот центар за помирување ја повикува Турција да ги преземе сите неопходни мерки за да обезбеди жителите на источните и јужните области на покраината Идлиб безбедно да преминат во области под контрола на Сирија.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top