(ВИДЕО) Ќе се гради најглемиот Православен Храм во светот

Најголемата православна црква во светот ќе биде изградена во Урал и ќе може да собере околу 37.000 луѓе, рече членот на невладината организација „Руски народен фронт“ во регионот Свердловск, Жана Јабчева..

Jабчева рече дека храмот треба да биде висок 77 метри, исто така дека ќе има 12 престоли и дека ќе биде изграден на местото каде што се наоѓа Централноуралскиот женски манастир.

„Така, новиот храм ќе биде повисок за 22 метри од Аја Софија во Истанбул, која е висока 55 метри“, рече Јабчева, истакнувајќи дека инвеститорите во изградбата на храмот ќе бидат од целиот свет.

Таа објасни дека Централниот женски манастир не може да ги прими сите верници, а бројот постојано се зголемува, поради што пред 2,5 години се појавила идејата за изградба на Катедралата премудрост Божја.

Проектот е веќе завршен и прашањето за земјиштето е решено, пренесува Спутник.

Камен-темелникот за катедралата ќе биде поставен оваа година.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top