(ВИДЕО) Кога кенгурот ќе одлучи да се мајтапи со полицијата

Полициската потера не значи секогаш бркање опасни криминалци, особено не во Австралија.

Овој пат проблеми правел тврдоглавиот кенгур, кој решил да скока преку мостот Харбор во Сиднеј, не обрнувајќи внимание за полицијата која го брка со автомобил.

Возрасниот мажјак на крајот без повреди бил фатен и сеочекува за неколку дена да биде пуштен во дивината.

Се работи за валаби, познат и како „смрдливец“, торбар кој е помал од своите роднини од семејството кенгури и ректо се гледа во населените места.

Тврдоглавиот валаби прескокнал осум сообраќајни ленти на мостот и повеќе од еден час пред разденување, нагло ја променил насоката и тргнал кон Сиднејската порта.

Полицијата го бркала со ротација и на крајот едвај го стингла и успеале да го фатат во близина на Конзерваториумот.

Кога успеале да го фатат не било лесно ниту да го стават во кафезот, биле потребни шест полицајци за да го наговорат да влезе



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top