(ВИДЕО) Кој е Македонецот кој освои светска титула во УФЦ?

Татко му е роден во битолското село Беранци, мајка му е Гркинка, а тој има два прекари Александар Велики и Хулк. Првото асоцира на знамето со кое позираше со своите фанови..

Австралија го славеше првиот борец роден во оваа земја кој стигнал до УФЦ трофеј, а  македонските медиуми на големо пишуваа за неговиот голем успех.

Се работи за Александар Волкановски кој има потекло од Македонија по татко му кој се преселил во Австралија. Тој го оствари најголемиот успех во својата ММА кариера, откако во Лас Вегас го победи Макс Холовеј (48:47/48:47/50:45).

Волкановски го спречи Холовеј по трет пат да ја одбрани титулата и стана само четврти шампион во перолесна категорија во УФЦ историјата, после Хозе Алдо, Конор МекГрегор и Макс Холовеј.

„Од првиот чекор во УФЦ ја забележав херојската национална фигура, со оглед на моето име и семејно наследство. Сакам преку мојата судбина да ја ставам Македонија на светската карта во ММА. Знам од каде доаѓам и сакам да им покажам на другите Македонци дека ако го следите сонот, ништо не е невозможно, истакна неодамна Волкановски во интервју за Меѓунаротното движење за човекови права на Македонците“.

Неговата спортска душа не го одбрала овој спорт од прва. И покрај тоа што на 12 години почнал да тренира борење во грчко-римски стил, тој прво се пробал како рагбист во полупрофесионална австралиска лига.

Му одело одлично како член на тимот Варила Горилас, а во 2010-та бил прогласен за најдобар играч на лигата.

За да биде во топ форма, на 22 години почнал со ММА тренинзи, но потоа се заразил, сфатил дека има страст кон овој спорт и сакал да оди напред колку што може.

Првично се натпреварувал во повеќе аматерски борби во дивизијата во средна категорија и почнал да ја прилагодува својата тежина од рагби за борби во ринг.

„Во борбите нема оправдувања. Може да бидете дел од тимски спорт и да играте добро, ама пак да загубите. Во тепање, сè е на мене. Ако излезам во ринг и изгубам, тогаш тоа е моја вина. Затоа ако се тепам добро, знам дека ќе победам. Дефинитивно го сакам спортот кој зависи од мене. Секоја борба е како големо финале во рагби“.

Пред да стане дел од УФЦ, Александар во периодот од 2012-2016 се борел во разни организации на ММА во Океанија и освоил две титули во Австралија. Пред да влезе во УФЦ имал скор од 13-1 со 10 победи во низа.

Ова е моментот кога го прогласија за светски шампион:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top