(ВИДЕО) Кој го дозволи ова? Навивачката група Шверцери дивееше во МНТ!

Во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот национален театар, едно од најграндиозните зданија во нашата држава, каде што треба да се промовира културата и уметничките вредности, се случи огромен скандал – се промовираше дивјаштво и хулиганизам..

Некој умен во Министерството за култура решил да им дозволи да слават 30 години од постоењето на навивачите од Чаир и тоа на место што апсолутно нема никаква врска со навивањето.

Затоа пак, Шверцерите се покажаа во „вистинско светло“, се качуваа на столчињата, се држеа за шипките на горниот дел од галеријата, скокаа и не помислија дека може да направат непроценлива штета на објектот.

На „гала свеченоста“ биле присутни и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот од Чаир, на бината биле поздравени поранешните македонски репрезентативци Горан Станковски, Гого Јовчев, Зекирија Рамадан, Арбен Нухиу, Арѓент Беќири… беше и поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски. Секако, за да даде тежина на оваа манифестација, присутен беше и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата.

Вечерва осамна видео од нивното дивеење, а јавноста згрозена и шокирана прашува – на кој паметен му текнало да им го дозволи ова?, пишува sport1.mk.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top