(ВИДЕО) Комеморација во Мелбурн по повод 115 годишнината од смртта на Гоце Делчев

Достојно одбележана 115 годшнината од смртта на Гоце Делчев во Мелбурн.

На 6 Мај во 11 часот во Мелбурн пред пред споменикот на Гоце Делчев во Епинг се одбележа 115 годшнината од смртта на Македонскиот револуционер.

Продграмата ја орвори Џорџ Влахов, по што следуваше Панахида пред споменикот на Гоце Делчев во дворот на Македонскиот Православен Храм „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ која што ја одржаа Парохискиот Свештеник Климент Станковски и Архимандритот Гаврил Галев.

Пензионерката група при Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија „Св. Георгиј“, КУД Светлост, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права, како и социјалното друштво Скопје положија венци пред споменикот на Гоце Делчев.

Погледнете го видеото:



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top