(ВИДЕО) Комеморација во Мелбурн по повод 116 годишнината од смртта на Гоце Делчев

Достојно одбележана 116 годшнината од смртта на Гоце Делчев во Мелбурн..

На 4 Мај во 11 часот во Мелбурн пред пред споменикот на Гоце Делчев во Епинг се одбележа 116 годшнината од смртта на Македонскиот револуционер.

Програмата започна со Панахида пред споменикот на Гоце Делчев во дворот на Македонскиот Православен Храм „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ која што ја одржаа Протоереј-Ставрофор Ефтим Бетински и Архимандритот Гаврил Галев, по што следеше говор на Мирко Ангеловски.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Венец положија претставници на повеќе Македонски организации од Мелбурн и Викторија.

Погледнете го Видеото:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top