(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски да признае дали се гледал со Груевски во Будимпешта?

На прес конференцијата одржана во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец..

Ајде сега Христијан Мицкоски нека излезе пред граѓаните и нека признае дека во Унгарија се сретнал и со Никола Груевски? Вака рекол портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов на прес конференција.

– Дали Мицкоски во Унгарија и во Словенија се среќавал со уште некој и нека признае зошто? Граѓаните, целокупната јавност, очекуваат одговори на овие прашања. Со кого Мицкоски се координира за да ја спречи интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ? Очигледно на Мицкоски му е мала сопствената земја за да ги сокрие шемите негови против напредокот, реформите и правдата. Улогата на Мицкоски посетепено се потврдува – рекол тој, се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавност на СДСМ.

Тој додал оти „нема да успеваат неговите обиди да ги одбрани криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ“.

– Со сигурност нема да успее да ја попречи правдата во Република Северна Македонија, ниту пак ќе успеат неговите силни напори да ја спречи интеграцијата во НАТО и ЕУ. Јасно му порачуваме на Христијан Мицкоски дека одговороност ќе има за секој што се огрешил пред законот – додал Костадинов.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top