ВИДЕО: Крвава тепачка во Евролигата
Судирот го започна Бегиќ, а малку недостасуваше на терен да влезат и навивачите на грчкиот тим.

Кошаркарите на Олимпијакос и Галатасарај го одиграа мечот од 7. коло во Евролигата, а дуелот го одбележа жестока тепачка.
„Црвено-белите“ од Пиреја славеа со 72:54, но во прв план беше тепачката меѓу Мирза Бегиќ и Попс Менса Бонсу во последната четвртина.
Судирот го започна Бегиќ, а малку недостасуваше на терен да влезат и навивачите на грчкиот тим. Дури тогаш ќе беше хаос, а треба да се каже дека ситуацијата ја смири Василис Спанулис, кој преку разглас ги замоли навивачите да се смират.
Инаку во победничкиот тим се истакна Брајант Данстон со 18 поени, а Спанулис уфрли 12 коша.
За Галатасарај по десет поени постигнаа Фуркан Алдемир и Синан Ѓулер.
По седум одиграни кола Олимпијакос има максимален учинок (7-0), а Галатасарај (4-3).
Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.