(ВИДЕО) Lamborghini: Нов модел со суперкомпјутер

Во изминатите неколку децении, технологијата ги направи автомобили побезбедни и поедноставни за управување, тоа е една од причините зошто новите модели полесно се справуваат со препреките на пат за разлика од постарите..

Lamborghini отиде чекор понатаму, a со новиот Lamborghini Dinamica Veicolo Integrata (LDVI) систем, во рамките на кој Engine Control Unit (ECU) собира податоци од сите делови на автомобилот, а врз основа на тоа во реално време (за помалку од 20 милисекунди) модифицира начини на кој се управува со новиот модел Huracán EVO Spyder. Така, компанијата успеа да ја скроти суровата моќ на новиот модел (V10 мотор од 630 коњски сили) доволно за возачот да може подобро да го контролира движењето и да избегнува пречки. Тоа е можно благодарение на супер-брзиот централен систем кој собира податоци за состојбата на патот, состојбата во која се наоѓаат гумите и начинот на кој возачот управува со автомобилот, па ги користи за контролирање на различни аспекти во Huracan моделот.

Системот функционира заедно со Lamborghini Piattaform Inerziale (LPI) 2.0 хардверските сензори како и жироскопи и акцелерометри, го следи движењето на возилото и споделува податоци со компјутерот LVDI.

Компанијата вели дека системот е целосно адаптиран за сите аспекти на возењето и може да ги предвиди најдобрите подесувања за следниот момент, бидејќи го препознава однесувањето на возачот и се прилагодува на него.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top