(ВИДЕО) Леброн и Дејвис по една деценија го вратија Лос Анџелес Лејкерс на НБА тронот!

Лос Анџелес Лејкерс со 106:93 го победи Мајами Хит во шестиот натпревар од финалната серија и со 4-2 стана нов НБА шампион, трофеј кој во историјата го освојуваат по 17. пат..

Леброн Џејмс со трипл-дабл го предводеше Лејкерс до нова победа над Мајами која овој пат значеше и шампионска титула. Тој беше прогласен и за МВП на финалето.

Во овој меч Лејкерс буквално го растури Мајами кој не водеше во ниту еден момент од натпреварот. Во текот на третата четвртина имаа предност и од неверојатни 36 поени разлика 82:46, во финишот се опуштија и му дозволија на противникот да дојде до пристоен пораз 106:93.

Леброн Џејмс беше најдобриот на паркетот со 28 поени, 14 скокови и 10 асистенции, Рондо беше одличен со 19 поени, исто колку што имаше и Дејвис кој запиша и 15 скокови.

Во тимот на Мајами најдобар беше Адебајо со 25 поени и 10 скокови, конечно се врати и Драгиќ кој одигра 18 минути за кои реализираше пет поени, исто толку скокови и две асистенции.

Ова е 17-та титула на Лејкерс со што се издначија со Бостон во најмногу освоени трофеи во историјата на НБА.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top