(ВИДЕО) Лестер со 9 голови го демолираше Саутемптон

Се сме виделе во Англија, ама ваква победа од Лестер – НЕ!.

Еден од најчудните натпревари во историјата на Премиер лигата беше одигран вечерва на стадионот Сент Мери во Саутемптон.

На два дена пред годишнината од смртта на поранешниот сопственик на клубот Вичаи Шриваданапраба, Лестер славеше на гостувањето кај „светците“ со неверојатни 9-0. Со тоа го израмни рекордот на Премиер лигата кој досега осамен го држеше Манчестер Јунајтед откако во 1995 година го совлада Ипсвич со истиот резултат.

По еден хет-трик постигнаа Џејми Варди и Ајозе Перез, а стрелци на по еден гол беа уште Чилвел, Тилеманс и Медисон.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top