(ВИДЕО) ЉУБОВНИК НА ПРИНЦЕЗАТА ДАЈАНА ЏЕЈМС ХЈУИТ ОВОРЕНО ЗБОРУВАШЕ ЗА ДИЛЕМАТА ДАЛИ Е ТАТКО НА ПРИНЦОТ ХАРИ

Мажот проговори во пресрет на 20-годишнината од смртта на принцезата..

Поранешниот таен љубовник на принцезата Дијана проговори за својата афера, која беше криена со години. За австралискиот канал Channel Seven Џејмс Хјуит зборуваше отворено од дома во Јужна Англија за моментот во кој тој се заљубил во кралската принцеза.

Во интервјуто, дадено во пресрет на 20-годишнината од смртта на принцезата, поранешниот играч на поло негира дека е татко на принцот Хари. Притиснат да каже дали тој е негов родител, Хјуит рече: “Не, не сум”. Запрашан во врска со гласините кои го прогонуваат во општеството со децении, поранешниот љубовник на принцезата рече: “Тие продаваат весници. Сега за него е полошо, најверојатно, бедник”.

Поранешниот батлер на Дајана – Пол Барел – тврди дека не е можно Хјуит да е татко на Хари, бидејќи тој се сретнал со принцезата, кога најмалиот нејзин син бил бебе.

Дијана ја започнала аферата со Хјуит, откако го замолила да и стане инструктор по возење во 1986 година. Нивната тајна врска напредува во светлината на гласините за авантурите на принцот Чарлс со долгогодишната партнерка иљубовница Камила.

“Таа беше опкружена со некаква посебна аура”, раскажува Хјуит. Сеќавајќи на моментот кога тој се заљубил во Дајана, Хјуит призна дека “сакал да ја одвлече далеку од центарот на вниманието”. “Поминувавм време и одеднаш двајцата не може да се наситите еден на друг”, додава тој. Хјуит вели дека нивните омилени нешта биле прошетки на плажа или подготовката на вечерите.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top