(ВИДЕО) Љупчо Зиков и Љупчо Ристовски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Љупчо Зиков и Љупчо Ристовски..

За сега добро се „води“ бродот и покрај тоа сме нација која што страда од хронични болести, генерално „корона“ состојбата делува одржлива, рече Зиков. Доколку Владата реагираше поревносно и помудро можеше да има и помалку смртни случаи, рече Ристовски.

Ако застанат фабриките во светот, тогаш се ќе застане и кај нас, најголемите ризици ќе бидат ако се загуби бизнисот бидејќи сме извозно зависни, рече Зиков. Наместо Владата да направи ребаланс непотребно троши народни пари, веднаш да ги запре несуштинските трошоци во услови на криза, рече Ристовски.

Очекувам дека ќе ги добиеме побараните кредити, но мене лично ме загрижува што ќе се случи наесен кога владините мерки ќе завршат а стопанството ќе нема доволно пари за да троши, рече Зиков. Банките се посрамотија за ситни пари, наместо да прават нова вредност, тие се богатеа од парите на граѓаните а сега им дојде до 6-месечната камата што ќе ги одложат кредитите, рече Ристовски.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top