(ВИДЕО) ЛУДИЛО: ВМРО-ДПМНЕ бара да се прошири употребата на Законот за јазици

Опозицијата бара во Законот да се внесе и употребата на јазиците на Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите и останатите..

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува владејачката коалиција и СДСМ да го повлечат законот за јазици, затоа што смета дека станува збор за закон кој е далекусежен, закон кој што е комплексен и закон кој што засега огромен број институции во Република Македонија.

- Од тие причини наредниве часови и денови апелираме владејачкото мнозинство предводено од СДСМ да го повлече овој закон, да се формираат работни групи, да се консултира експертската јавност, да се видат меѓународните искуства и во таа атмосфера на взаемни консултации, во таа атмосфера на политички дијалог да видиме кои се решенијата кој што се најдобри. Би сакал да нагласам една работа, ние сме едноставно подготвени да дискутираме за зголемен опфат и употреба на јазиците во Република Македонија. Истовремено не сакаме да се носат решенија кои што се набрзина подготвени - изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ бара и инсистира во Законот за употреба на јазици да се прошири употребата на помалите етнички заедници во Република Македонија, односно Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите и останатите.

- Значи потребен ни е закон кој што ќе ги афирмира правата на сите во Република Македонија а не кој што ќе носи кон флуаризација или пак разни толкувања кои што овие денови ги слушам во јавност. Значи уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ бара и инсистира да имаме поголем опфат на употреба на јазиците на помалите етнички заедници во Република Македонија, односно Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите оние кои живеат во Македонија - додаде тој.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top