(ВИДЕО) Лудило во Англија: Даде гол за 3:3 во 95. минута, па облече ракавици и одбрани пенал во 99. минута

Во текот на вчерашниот ден, во фокусот на англиската јавност беа натпреварите во ФА купот, но покрај ова, на програмата во оваа земја беа и пресметките во уште многу натпревари во пониските лиги..

Еден од нив беше и оној меѓу Честерфилд и Ебсфид во националната лига, а истиот се издвои од сите останати поради неверојатните случувања, започнувајќи од враќањето од 0:3, па се до самиот финиш на мечот. Гостите имаа водство од 0:3 до 67-та минута, но потоа се случи вистинско чудо на теренот, од кое посебно лудо беше она во судиското надополнување. Честерфилд се врати во игра со головите на Дентон и Фортјун, за на крајот во вистински херој да прерасне Вил Еванс. Стоперот на домаќините најпрво израмни на 3:3 во 95-та минута со фантастичен гол со глава, а четири минути подоцна, го направи невозможното.

Голманот на Честерфилд доби црвен картон поради направен пенал, а токму Еванс беше човекот кој реши да ги облече ракавиците со оглед на тоа што тренерот ги искористи сите три измени. Стоперот се стави во голманската улога, а незаборавната партија ја комплетираше со одбранет пенал кој направи да биде вистински хит во домашната јавност.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top