(ВИДЕО) Лука Модриќ е број ЕДЕН за 2018 година

Како и што се очекуваше, Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ ја подигна наградата на „Франс Фудбал“ – популарната „Златната топка“ за 2018 година..

Хрватот вечерва во Париз и официјално ја прекина десет годишната доминација која што ја имаа Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Со ова Лука направи своевиден „хет-трик“ сезонава сооглед што ги обедини наградите , најдобар фудбалер на Светското првенство, „The Best“ од страна на ФИФА и фудбалер на годината според изборот на УЕФА.

Модриќ зад себе остави навистина одлична сезона, како на клупски, така и на репрезенативен план. Со Реал Мадрид по третпат ја освои титулата во Лигата на шампионите, додека со „коцкестите“ играше во финалето на Светското првенство во Русија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top