(ВИДЕО) Мадрид маршира: Илјадници луѓе протестираат против климатските промени

На протестот „Соочен со климатската криза, светот се разбуди“ се приклучи и младата шведска активист Грета Тунберг и шпанскиот актер Хавиер Бардем..

Илјадници активисти од целиот свет се собраа денес на улиците на Мадрид и Сантијаго, барајќи светските лидери кои учествуваат на самитот ЦОП (Climate Change Conference) 25 да преземат итна акција против климатските промени.

Главниот протест се одржува на улиците на Мадрид за време на конференцијата за климатските промени на ЦОП 25, што се одржува во градот од 2 до 13 декември.

На протестот „Соочен со климатската криза, светот се разбуди“ се приклучи и младата шведска активист Грета Тунберг и шпанскиот актер Хавиер Бардем.

Тунберг, која на глобално ниво ги започна климатски протести во 2018 година, пристигна во Мадрид со ноќен воз.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top