(ВИДЕО) Мајката на убиениот Македонец во Перт бара помош преку медиумите

Во петокот вечерта, во предградието Балга во Перт, е пронајден мртов Дејан Димитровски.

Во петокот вечерта, во предградието Балга во Перт, во домот кадешто живеел со неговите родители, е пронајден мртов Дејан Димитровски,австралиски државјанин со македонско потекло.

Неговата мајка, скршена од болка, ги повика детективите и полицијата да го пронајдат убиецот на нејзиниот син.

Полицијата била повикана во куќата на Димитровски околу 18:30 во петокот, кога бил пронајден мртов 36 годишниот Дејан со фатални повреди по телото

Мајката на Димитровски, Лилјана, вчера за австралиските медиуми го опиша својот син како добар и сакан син, татко и брат, кој имал силен ентузијазам за живот.


Таа рече дека семејството е целосно скршено од болка и не разбираат зошто се случило ова.

“Ветив дека ќе сторам се да се открие кој го уби мојот син … и ако има некој што знае нешто во врска со неговото убиство, ве молам да излезете и да кажете”, рече таа.

The mother of Dejan Dimitrovski has made a tearful appeal to help find out why her son died in suspicious circumstances in Balga.

Сестрата на  Димитровски, битолчанката Наталија Димитровска, одлежува 17-годишна затворска казна за напад врз Дана Вулин во Перт. Таа во 2012 година  ја полеа со бензин и ја запали, заради наводна љубовна врска со нејзиниот сопруг, нагрдувајќи ја и осакатувајќи ја за цел живот.

Детективите од одделот за убиство и полициските форензички истражители,  вчера го поминале целиот ден на имотот на Димитровски, каде зеле отисоци и од луксузните автомобили паркирани пред нивната куќа.

Полицијата допрва треба да открие како бил убиен  Димитровски и кој бил со него  во куќата.

Австралиските медиуми пишуваат дека на ФБ имало сочувство од повеќе млади луѓе за неговата смрт, а пред неговиот дом се оставени и цвеќиња.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top