(ВИДЕО) Мајките во Венецуела ги напуштаат своите деца поради сиромаштија

Според извештајот на Обединетите нации, Венецуела поминува низ една од најголемите хуманитарни кризи во светот..

Нивото на екстремна сиромаштија се зголеми за 40 отсто, сè поголем број деца умираат поради неухранетост, а милиони луѓе избегаа од земјата во последните две години, објави Би-би-си.

Многу светски политички експерти, но исто така и голем број граѓани на Венецуела за таквата состојба во земјата го обвинуваат претседателот на државата, Николас Мадуро. Но, неговите поддржувачи го тврдат спротивното, а за оваа хуманитарна криза ја обвинуваат опозицијата и светските „империјалните сили”, како што се САД, кои ѝ наметнаа тешки санкции на Венецуела.
Владимир Хернандез, новинар на Би-би-си, поминал извесно време во главниот град на Венецуела, Каракас. Тој смета дека економската криза најмногу ги погодила мајките и децата.

Храната за многу луѓе во Венецуела стана луксуз, често може да видите деца и возрасни како очајнички пребаруваат по ѓубрето за да најдат храна, вели Хернандез.

„Во засолништата за бездомници има сè повеќе деца. Нивниот број се зголеми за 40 до 50 отсто од почетокот на кризата. Оваа година е уште полоша. Во првата половина од 2018 година, бројот на напуштените деца дополнително се зголеми за дури 60 отсто”, рече Леонардо Родригез, шеф на засолништето Каса Дон Боско.

Во економската криза тешко им е и на идните мајки. Многу бремени жени решаваат да ги дадат своите деца на посвојување.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top