(ВИДЕО) Македонче од Мелбурн улови туна тешка 150 килограми - Нов светски рекорд!

Тринаесет годишно дете Даниел Лазаревски од Австралија со македонско потекло уловило туна од 150 килограми..

Даниел Лазаревски, синот на познатиот Македонски фудбалер на Престон Македонија, Ник Лазаревски се прослави со гинесов рекорд.

Тој во 2016 година заедно со неговиот татко ја улови првата своја туна капиталец од 116 килограми и влезе во архивите на светските рекорди како 10 годишно момче.

Сега го подобри својот рекорд и очекува наскоро да му се верификува и да ја добие заслужената награда од неколку десетици илјади долари.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top