(ВИДЕО) Македонците дел од парадата по повод денот на Австралија во Мелбурн 2019

Денес Австралија го прослави националниот празник Денот на Австралија..

По повод националниот празник Денот на Австралија ширум Австралија беа оргинизирани низа манифестации меѓу кои и најпознатата традиционална парада во центарот на Мелбурн.

Денес на парадата продефилираа војската, полицијата, морнарицата, коњаницата, против-пожарната служба, како и претставници од над 80 етнички заедници кои живеат во Австралија меѓу кои и Македонската заедница пердводена од Советот на Македонската заедница за Мелбурн и Викторија.

На почетокот беше интонирана химната на Австралија и беа одржани говори по повод празникот, а говор одржа и премиерот на Викторија.

Пред политичкиот врв на Викторија, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени и обични луѓе продефилираа голем број на етнички групи од целиот свет кои живеат во Австралија и ја прават уникатна и единствена оваа земја.

Во ложата на дипломатскиот кор беше и претставникот од Македонскиот конзулат во Мелбурн, г-дин Гоце Пејовски.

Македонците кои секоја година се дел од овој голем настан, и оваа година со гордост продефилираа на парадата, гордо веејќи ги македонското национално и државно знаме.

Од страна на организаторот гордо и без предрасуди беа именувани како Македонци и претставници на Македонската заедница на Мелбурн и Викторија.

Македонците овде во Австралија уште една покажаа дека се гродеат со своето потекло и достоинствено не претставија пред највисокиот врв на Викторија.

Како и последните 10 години, Фаланга беше медиумски покровител на овој настан.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top