(ВИДЕО): Македонците отворено протестираа после извинувањето на Гед Кирни на нејзината презентација

Македонците не го примија извнувањето на Гед Кирни..

Денес во просториите на Даребин Арт Центарот во Престон се одржа дебата помеѓу голем број Македонци и кандидатката за пратеник од Лабуристичката партија Гет Кирни по повод сканалот со нејзиниот пропаганден материјал.

Имено таа љубезно ги прими сите и веднаш на почетокот им се извини на Македонците за настанатата грешка притоа објаснувајки дека ова не е воопшто намерно направено ниту пак со умисла.

Нејзиното понатамошно образложување беше прекинато кога за збор се јави Андон Дончевски кој рече дека не е доволно нејзиното извинување и тој како 85-годишен Македонец се чувствува дискриминиран и понижен затоа што Македонците некој ги понижува иако традиционално голем број македонци гласаат за Лабуристичката партија.

Збор зедоа и Благоја Макаловски и Гоце Дуковски.

И Стеван Козмески како член на Лабористичката партија и долгогодишен поранешен Градоначалник на општина Витлси се обиде да ја смири тензичната атмосвера.

Иницијатори за оваа дебата беа претставниците на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија.

Повеќе погледнете на видеото:



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top