(ВИДЕО) Македонците во Канбера одржаа мирен протест во одбрана на името и идентитетот

Околу 1500 македонци го кренаа гласот во одбрана на името и идентитетот..

Погледнете ги протестите тука:


Денес во главниот град на Австралија, Канбера, македонците од Австралија денсес на пладне организираа мирен протест пред македонската амбасада во Канбера.

Протестот се однесуваше за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата.ш

Македонците во Австралија побараа:

1. Безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија.

2. Повлекување на Законот за употреба на јазиците.

3. Повлекување на Договорот Заев-Борисов.

4. Итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година и на Едмонд Темелко.

Македонците првите барања ги доставија до Македонскиот амбасадор Веле Трпевски во Македонската Амбасада во Канбера. Исто барања од настанот беше упатена до Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, како и до странските амбасади во Македонија.

Македонците во Австралија отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата

Наредните протести ќе се одржат на 4 март во Сиднеј, Мелбурн и Перт каде се очекува голем број на македонци да земат учество.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top