(ВИДЕО) Македонците во Мелбурн достојно ја одбележаа 117 годишнината од смртта на Гоце Делчев

Во организација на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторијапред споменикот на Гоце Делчев во дворот на црквата "Свети Ѓорѓиј и Пресвета Богородица" во Мелбурн се оддаде чест на Македонскиот великан Гоце Делчев..

Денес во Мелбурн се одржа Панахида по повод 117 години од смртта на Македонскиот великан Гоце Делчев.

Поради КОВИД-19 пандемијата, Управата на Македонскта Православна Општина за Мелбурн и Викторија успеа да најде начин и да го одбележи настанот без голем народен собир но во присуство на дел од Македонските медиуму овде од Мелбурн и со тоа јавноста да биде информирана благовремено.

Законот во Викторија дозволува јавни собири со максимум 5 присутни.

Говор одржа претседателот на Македонскта Православна Општина за Мелбурн и Викторија, Мирчо Ангеловски, кој кажа „За нас Македонците Гоце Делчев е само Македонец, а нашето историско минато, било и ке остане само Македонско. Вечна му слава на Македонскиот великан Гоце Делчев“.

„Овие договори се неприфатливи и бараме веднаш да се поништат бидејќи немаат соодветна реалност со нашиот идентитет и Македонската историја“, додаде претседателот на МПОМВ, Мирчо Ангеловски.

Панихидата беше извршена од страна на Архимандритот Гаврил и отец Климент Станковски.

Мирчо Ангеловски положи венец пред споменикот во име на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија и во име на Македонската Заедница од Мелбурн и Викторија.

Погледнете го видеото и проследете го говорот:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top