(ВИДЕО) Македонците во Мелбурн не дозволија да им се одземе Македонското знаме пред состанокот на општината во Витлси

Напната ситуација пред состанокот на општина Витлси во Мелбурн. Пишува: Никола Ставрески..

Денес пред општинската зграда на општина Витсли во Саут Моранг каде беше закажан состанок на општината, во која граоначалник е Македонката Емилија Лиса Стерјова, дојде до инцидент.

Имено, пред општината се собраа голем број на Македонци да го проследат состанокот во живо затоа што на македонката Емилија Лиса Стерјова функцијата градоначалник и беше доведен под знак прашалник, поради пбјавување на фотографија во која го вее знамето од Кутлеш.

Македонците дојдоа да ја поддржат и да покажат дека Македонците во Витлси се во голем број и се сo нејзе, давајќи и неизмерна поддршка.

Еден од Македонците го носеше Македонското национално знаме со сонцето од Кутлеш половина час пред да почне состанокот кога народот почна да се собира пред општинската зграда.

Во еден момент пристигна вработен во општината Витлси и се обиде да го симне Македонското национално знаме.

Македонците кои беа присутни му се спротиставија и не дозволија да бидат понижени и да биде симнато Македонското национално знаме.

Во меѓувреме пристигна и полицијата по службена должност затоа што беа информирани дека ќе има голем број на неофицијални лица на тој состанок

Полицијата внимателно ги сослуша сшротиставените страни, ги доби пптребнитр информации од Македонска страна и дозна за што всушнпст се работи и констатора дека знамето треба д аодтане на истото место затоа што тоа е демократско право на секој Австралиски државјанин, да си ја почитува и негувса традицијата и историјата.

Мораме да потенцираме дека присутните беа повеќе од среќни и задоволни од одлуката на полицијата.

Погледнете го видеото од настанот:




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top