(ВИДЕО) Македонците во Мелбурн одржаа голем собир за подготовка на протест

Македонците во Мелбурн се мобилизираат громоигласно да кажат не за промена на името, јазикот и идентитетот и не за двојазична Македонија..

Вчера во Фераро рецепцијата во Мелбурн се одржа Народно собрание каде Македонската заедница преставена од друштва организации и нтелектуалци беа собрани на едно место за да одлучат кога и каде ќе се одржи наредниот протест. Народниот Собир започна со интонирање на македонската химна. 

Одброт за Организирање Македонски Народен Протест се состои од следните лица: 

Горан Котев од „Светскиот Македонски Конгрес“за Австралија, Зоран Здравески од „Советот на Македонската Заедница“за Мелбурн и Викторија, Лидија Нешковска „Македонско-Австралија Заедница на Организациите“ (MACO) , Трајче Спасевски од „Македонско-Австралиска Православна Заедница (МАПЗ)“, Ордан Андреевски - „Обединета Македонска Дијаспора“, Коста Колевски - „ФОМКУД“, Сам Ристевски - „Егејско-Макакедонски Совет за Австралија“, Стојан Симјановски - „КУД Никола Карев“,  Ромео Георгиев - „КУД Јане Сандански“, Илија Јошевски - „Федерација на Македонските Пензионерски Групи“, Живан Рендев - Организатор за Програмата, Гоце Дуковски - Водител на Собранијата, Секретар - Ицо НајдовскиБлагајник - Вангел Патерас (само за таа вечер), Васил Наумовски - Записничар.

На таа вечер не се донесе одлука каде и кога ќе се одржи протестот иако присутните бараа за недела две да има таков протест, сепак координативното тело ке ја извести медијата и јавноста каде и кога ке биде тој протест.

Лидија Нешковски пред присутните изјави дека од здружението на Македонските бизнисмени се испратени финансиски срества за организирање превоз на лица кој сакаат да патуваат од градовите и селата до главниот град на Македонија - Скопје, организатор на таа акција е здружението на жени од Македонија и дијаспората кој координирано работаат за помасовни протести во следниот период.

Датум и место за Протестот, Резолуција во име на Македонскиот Народ, Регистрација за Протестот, Осигурање, Безбедност и Редарство, Медиjата, Плакети, Пароли и други материали, Други лица по потреба. 

На собранието се собраа $7.020 долари, донирани од присутните за потребните финанциски обврски за Протестот. 

Од име на управниот одбор се изрази - голема благодарност до сите присутни лица и организации за нивната поддршка и голема благодарност на сите што донираа финансиски срества.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top