(ВИДЕО) Македонците во Мелбурн свечено го прославија денот на независноста на Република Македонија

Благодарение на заложбата на Илија Јошевски - Мечето, Коста Колевски и Стојан Анакиевски се собраа 600 Македонци на едно место.

Денес во Бруквуд Ресепшн во Мелбурн, Федерацијата на Македонските Пензионерски Групи од северниот дел на Мелбурн на чело со Стојан Анакиевски го прославија денот на независноста на Република Македонија.

На свеченоста беа присутни околу 600 гости од сите пензионерски групи од Мелбурн и Џелонг.

Гостите ги поздрави претседателот на Федерацијата на Македонските Пензионерски Групи од северниот дел на Мелбурн, Стојан Анакиевски, а пригоден говор за независноста на Република Македонија одржа Дијана Пупалеска Мицалеска.

Во име на општина Витлси, пригоден говор одржа градоначалникот на општина Витлси, Лори Кокс.

Присутните ги забавувапше оркестарот на Рубин Христоски.

Според информациите кои ги поседуваме, дефинитвно Македонците беа најмасовно присутни на оваа забава, повеќе и од протестите во Мелбурн, Канбера и другите манифестации кои се организираа во Сиднеј, Перт и Мелбурн.

Погледнете го видеото од настанот:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top