(ВИДЕО) Македонките спектакуларно го прославија 8-ми Март во Мелбурн 2019

Во организација на „Sheldon Reception“ традиционално и оваа година беше одбележан интернационалниот ден на жената, 8-ми Март..

Македонските жени во Мелбурн секоја година свечено го одбележуваат 8-ми Март, интернационалниот ден на жената.

Оваа година, како и претходните, најмасовната осмомартовска забава се одржа во гламурозниот „Sheldon Reception“ во Мелбурн.

Настанот беше одлично организиран, а „Sheldon Reception“ беше исполнет до последното место.

Секако, најголема заслуга за тоа има, г-ѓа Лидија Нешковски, бизнисмен, претседател на МАСО и долгогодишен Македонски активист.

Настанот беше организиран со богата програма, а за забавата се погрижи естрадната уметничка Татјана Лазаревска, придружувана од музичарот Роберт Реџеповски.

Сите жени добија цвеќе подарок од „Sheldon Reception“, а како и секоја година така и оваа година, највредните и најзаслужните жени беа наградени.

Трите наградени жени се: Гордана Димовска, Цена Стоев и Пара Карадаковска.

Овие жени се наградуваат за својот придонес, активности и достигнувања во Македонската заедница, затоа што и покрај својата професионална и домашна работа тие наоѓаат време да се активни и да работата за доброто на заедницата овде во Австралија.

Пригодни обраќања до присутните жени одржаа Лидија Нешковски и пратеничката Натали Сулејман.

Погледнете ги видеата од атмосферата на денот:


Проследете го говорот на Лидија Нешковски:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top