(ВИДЕО) Македонската естрада преку социјалните мрежи се прости од кралот на народна музика, Шабан Шаулиќ

Македонската естрада се збогува со кралот на народната музика.

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ вчера почина во тешка сообраќајна несреќа во Германија. Незгодата се случила во близина на Билефелд каде што пејачот пеел.

Тој во автомобилот бил со својот кум и возач кога во нив со автомобил удрил 34 годишен пијан Германец.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

Според пишувањата, Шабан веднаш бил пренесен во болница каде што пејачот доживеал срцев удар и починал.

Неговото семејство, пријателите, колеги, соработници се во шок по овие трагични вести.

Неговите колеги од српската естрада преку социјалните мрежи со емотивни пораки се простија од колегата, а некои од српските телевизии го прекинаа емитувањето на музички емисии.

Веста за смртта на пејачот ја изненади и македонската јавност, па многу од јавните личности преку социјалните мрежи се простија од изведувачот на најголемите хитови во регионот.

Анета Мицевска на својот „Инстаграм“ сподели фотографија со Шабан, а во описот на истата напиша: „Почивај во мир легендо“.


Освен тоа, Анета сподели и видео каде пее песна од Шаулиќ и напиша:

Беше и ќе остане задоволство да се пеат неговите песни, во чест на нашиот крал на музиката.


Oд пејачот се прости и Сања Цинцева Барби која напиша:

„Почивај во мир легендо“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Од српскиот пејач се простија и македонските учесници во „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравкоски…

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

и Мартинијан Кириловски…

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Последен поздрав на легендарниот пејач му дадоа и Ристе Ристески кој победи во „Ѕвездите на Гранд“…

ФОТО: ПРИНТСРКИН

И Благица Ѕунѕуровска која победи во „Неки нови клинци“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Александар Тарабунов на „Инстаграм стори“ напиша: „Почивај во мир легендо“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Тажната веста за смртта на Шаулиќ ја погоди и Тијана Дапчевиќ која на „Инстаграм“ во описот на заедничката фотографија напиша:

„Јас еве не знам што да кажам…само знам дека некој кој така пее никогаш нема да умре…мирно спиј….прерано“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

„Без разлика каква музика слушате неспорно е дека секој знае барем една негова песна, а тоа што го нарекуваат крал на народната музика доволно зборува за неговата величина…“ напиша Лила Филиповска на „Инсатгарам стори“.

ФОТО; ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Фолкерката Сања Сани Гроздановска на својот „Фејсбук “ сподели фотографија од пејачот, а во описот напиша:

„Почивај во мир легендо“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ФЕЈСБУК

„Шабан беше еден од пејачите кој ми даде најголема поддршка кога се натпреварував во „Ѕвездите на Гранд“. Беше чест да те запознам легендо. Ти благодарам на сите искрени честитки и ќе живееш во твоите песни кои ги остави“, напиша Ален Хасановиќ на социјалните мрежи.

Oд Шабан се простија и Антониа Гиговска….

ФОТО: ПРИНТКСРИН/ИНСТАГРАМ/АНТОНИА ГИГОВСКА

Елена Миленковска…

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Адам Лабунски.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

И Тајзи на својот „Инстаграм“ објави фотографија заедно со пејачот.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

„Почивај во мир кралу, твојата техника на пеење ќе се изучува со години“, напиша Јоце Панов на „Фејсбук“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Калиопи Букле исто така изрази тага поради смртта на својот колега, па напиша: Големите секогаш остануваа големи.

Владимир Блажев односно Панчо од „ДНК“ исто така преку „Фејсбук“ се прости од пејачот.

„Не сакав да верувам дека е вистина“, напиша Благоја Груевски на „Фејсбук“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ФЕЈСБУК

Живко Динев поранешен бас- гитарист и вокал на „Браво бенд“; а сега соло изведувач исто така преку „Фејсбук“ се прости од Шаулиќ.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ФЕЈСБУК

За потсетување, Шаулиќ беше изведувач на голем број на песни меѓу кои „Жал“, „Иду дани мајко моја“, „Доџи да остаримо заедно“:…

Извор: Вистина

Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top