(ВИДЕО) Маковски Бал 2018 во Мелбурн

Триесет годишниот јубилеј на село Маково во Мелбурн достојно обележан во Мелбурн.

Иако Мариовското село Маково брои само неколку куќи сепак е популарно по две работи едната е во селото Маково се снимаше позната серија „Збогум Румелија“ а втората работа е скоро цело се иселило во Мелбурн и 30 години одржува успешна манифестација „Маковски бал“ кој оваа годинина традиционално се одржа во „Гранд Нерет“ во Епинг, Мелбурн.

На балот управата се погрижи да им додели награди на заслужните за минатите балови.

Вечерата ја благословија свештениците Јовица и Љупчо, а гостите ги забавуваше маестро Тоше Тодоровски со неговиот син.

Кум за оваа година беше Тодор Стојковски а за наредната година беше избран Борче Атанасовски.
Погледнете го видеото:


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top