(Видео) Манчестер Јунајтед го совлада Ливерпул

Во најинтересниот дуел од 3. коло на англискиот Лига куп, Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 1:0 го порази Ливерпул и избори понатамошен пласман..

Манчестер Јунајтед обезбеди минимална победа од 1:0 против големиот ривал Ливерпул и се пласираше во следната рунда на англискиот Лига куп, а херој на „црвените ѓаволи“ беше Чичарито.

По првото полувреме немаше голови, а на самиот старт од второто полувреме  Мексиканецот Чичарито реагираше по корнерот на Руни и ја смести топката во мрежата на Ливерпул.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top