(ВИДЕО): Манчестер Јунајтед со моќно видео го претстави Суперкуп-спектаклот во Скопје!

Преостануваат уште два дена до најголемиот спортски настан во историјата на нашата држава.

Суперкупот на УЕФА кој го сочинуваат гигантите, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. 

На 8 август нашиот најголем стадион, „Телеком арена“ ќе биде домаќин на освојувачот на Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а овој настан со моќно видео на својата интернет страница го претстави и англискиот великан. 

Во Скопје Јунајтед ќе допатува со сите свои ѕвезди, во ростерот на Мурињо ќе бидат новите засилувања, Лукаку, Матиќ и Линделоф, додека поради суспензија надвод од стројот ќе бидат Фил Џонс и Ерик Бејли. Почетокот на мечот е закажан за од 20.45 часот. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top