(ВИДЕО) Маск лансираше 60 сателити: Планетата ќе има супер брз интернет

Американската приватна компанија за вселенска технологија „SpaceX“ лансираше 60 сателити кои ќе обезбедат супер брза интернет конекција за корисниците ширум светот..

Ракетата Falcon 9, лансирана од Кејп Канаверал, Флорида, носеше сателити во орбитата од Земјата.

Мисијата, четврта по ред позната како „Старлинк“, има за цел да постави „соѕвездие“ од сателити.

Првите сателити во вселената беа лансирани на 24 мај.

Елон Маск планира да постави 12.000 сателити на „Старлинк“ во орбитата.

Според агенцијата Дпа, тој број би можел да се искачи до 40.000 сателити, кои ќе изгорат во Земјината атмосфера по крајот на нивниот животен век.

„Starlink“ има за цел да обезбеди интернет за значителен дел од светската популација што сè уште нема пристап до интернет конекцијата, особено во руралните области.

Во исто време, другите жители на планетата кои не се задоволни од работата на постојните оператори, би можеле да користат од овој интернет.

Секој сателит тежи околу 200 килограми, и бидејќи тие се поставени во ниска орбита на околу 2.000 километри од Земјата, можните одложувања или прекини во интернет врските се минимизираат.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top