(ВИДЕО) Матурска вечер на учениците што го изучуваат Македонскиот јазик во Викторија

Уште една успешна генерација на Македонски матуранти на Викториското училиште за јазици..

Под мотото „Да го зачуваме Македонскиот јазик“ во прекрасниот Шелдон Ресепшн се одржа 28-мата по ред Матурска вечер на учениците што го изучуваат Македонскиот јазик во Викторија.

Ова е уште една успешно завршена генерација Македонски ученици благодарение на големиот труд на Македонските учители од Викториското Училиште за Јазици.

Пригодни говори со поздравни пораки одржаа: Претседателката на здружението на наставници по Македонски јазик во Викторија Јованка Смилевска, Вице Конзулот за Мелбурн од Македонија Гоце Пејовски и градоначалничката на Општина Витлси, Емилиа Лиса Стерјова.

Матурантите беа досоинствено претставени и придружувани од најмалите членови на Македонското Културно Уметничко Друштво „Јане Сандански“ од Мелбурн на кои матурантите им подарија по една книга со порака да ја продолжат традицијата и да продолжат да го изучуваат Македонскиот јазик овде во Австралија.

Потоа, на матурантите свечено им беа доделени дипломите и како награда им беше доделена по една книга на Македонски јазик, донација од Иван и Лидија Нешковски, успешни бизнисмени од Мелбурн и сопственици на Шелдон Ресепшн.

На церемонијата беа присутни и голем број професори по Македонски јазик од Викториското училиште за јазици, родителите и роднините на матурантите, како и голем број успешни Македонци од Мелбурн.

По свеченото доделување на дипломите следеше забава со Македонска музика, а за тоа се погрижи Група Македонија на Никола Ставрески.

Главен покровител на настанот беше Шелдон Ресепшн, а медиумски покровител на настанот беше порталот Фаланга.

Порталот Фаланга на сите матуранти им го честита матурирањето и им посакува многу успех во понатамошното школување, а на сите идни генерации им посакува што помасовно запишување во Викториското Училиште за јазици со цел продолжување на традицијата на изучување на Македонскиот јазик овде во Австралија, а исто така со тоа и добивање повеќе поени за упис на Универзитетите во Мелбурн и Викторија.

Во прилог погледнете го видеото од свеченоста:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top