(ВИДЕО) МЕЛБУРН: СеМакедонски Собир за Заедничка Македонија 2017

Ексклузивно видео од настанот..

Денес во Мелбурн околу две илјади Mакедонци се собраа пред Генералниот Конзулат на Република Македонија во Мелбурн да го искажат своето незадоволство од „Тиранската платформа“.

Иако временските услови  не дозволиа да се собере  повеќе народ сепак народот упорно излезе во голем бропј  да ја подржи иницијативата за „Заедничка Македонија“.

На почетокот на собирот беше интонирана Македонската химна по што говор одржаа Живан Рендев...

Пред  Македонскиот Конзулат на Република Македонија во Мелбурн се вееја Македонските национални знамиња, се пееја македонските песни  и заедно сите извикуваа МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА....

Собраните Македонци изразија поддршка на претседателот на Република Македонија проф.д-р Ѓорге Иванов и на движењето “За заедничка Македонија“.

Македонскиот собир ја отфрли “тиранската платформа“ и цврсто застана за унитарна и заедничка Македонија, за Македонскиот јазик како еден и единствен службен јазик на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.

На собирот говор одржаа повеќе личности меѓу кои: Крис Попов, Живан Рендев, Ацо Шапкароски, Су Кристов Каракалтсас и други,  а исто така на присутните им даде подршка со своето присуство и Александар Шапкароски, претседател на Антички Македонци од Перт, Западна Австралија, голема заслуга за органбизирање на овој собир има Горан Котев (Сазданот) кој вложи напори и труд овој настад да биде организиран.

Македонци од Мелбурн, Сиднеј, Перт, Џелонг и Канбера дојда и дадоа подршка на иницијативата  „За Заедничка Македонија.

Собирот беше организиран од Македонската Заедница од Мелбурн заедно со СМК - Мелбурн во соработка со Македонските медиуми од Мелбурн.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top