(ВИДЕО) Мерцедес влета во кулата „Трамп“ во Њујорк

Автомобил Мерцедес влета во „Трамп Плаза“ и предизвикал вистински хаос во холот во зградата на американскиот претседател..

Возачот  веднаш потоа излегол од автомобилот и мирно седнал во фоајето.

Во несреќата полесно се повредени двајца минувачи и возачот на мерцедесот.

Во луксузниот станбен објект во Њу Рошел , американскиот претседател Доналд Трамп и неговото семејство не живеат, но кулата е во нивна сопственост, пренесува Ројтерс.

Локалните медиуми пренесоа дека возачот по несреќата излегол од својот мерцедес и седнал на софа во главниот хол.

Според полицијата во Њу Рошел немало ништо сомнително во оваа несреќа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top